Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни

Pozar 4.webp.webp

Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска, од кои пет се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Македонски Брод, во местото Видуш кај село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума; во општина Илинден, во населбата Илинден, каде гори ниска вегетација; во Желино, кај село Чифлик, со зафатена ниска вегетација и мешана шума, како и во Битола, кај село Букри, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите кај градската депонија во Делчево, кај Ново Село на планината Огражден и кај село Зајас во Кичево, каде се зафатени стрниште, борова шума и гуми.

Изгаснат е пожарот во село Врањовце, Општина Врапчиште, каде горела ниска вегетација.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница