Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: Филипче со другарите за да дојде на власт е подготвен да стори се

Manasievski 12.08.2026.jpg

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание.

Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа лица со криминални досиеја роднини на другарот на Филипче, Зоран Заев.

Секако, и оваа приказна на Филипче имаше краток рок и веднаш беа разоткриени и лицата и нивните намери. Тие дури и сами почнаа да признаваат дека биле дел од инцидентот во Ново Село.

На сите им е јасно дека вакви лица како Филипче и актуелното раководство на СДС не можат да направат нешто сериозно, а не да дојдат власт и да водат држава. Секој ден со секој нов случај само покажуваат дека се талог во Македонија. Оттука никој во државава сега и не очекува ништо од нив.

Можете да прочитате

Цана: Нема пациенти со стомачни тегоби поради водата во Скопје

Што значи прогласување епидемија – 24info.mk

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче