Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Заканите кон новинарите се закана за демократијата – институциите мора да реагираат веднаш

Ldp logo.jpg

Соопштение на ЛДП:

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов поради неговото јавно пишување и изразените ставови.

Несогласувањето со нечие мислење никогаш не смее да биде причина за закани, омраза или повици за физичко пресметување. Во демократско општество, на аргументите се одговара со аргументи, а не со закани за насилство и смрт.

ЛДП очекува надлежните институции, пред сè Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, сериозно и без одлагање да го истражат случајот, да ги обезбедат електронските докази и да го утврдат идентитетот на лицата кои стојат зад заканите. Доколку постојат елементи на кривично дело, очекуваме соодветна институционална реакција и процесуирање согласно законите.

Слободата на медиумите и слободата на изразување не се привилегија на новинарите, тие се основа на демократското општество и право на секој граѓанин. Ако дозволиме новинар да биде заплашуван затоа што напишал колумна или изразил став, утре истата закана може да биде упатена кон секој граѓанин кој јавно размислува поинаку.

ЛДП останува доследна во одбраната на слободата на говорот, независното новинарство и демократските вредности. Институциите мора да покажат дека заканите не се дозволена форма на јавна комуникација и дека никој не е над законот.

Кога се замолчува новинар со закани, се замолчува демократијата. 

Можете да прочитате

ХАОС ВО КАЗИНО ВО БИТОЛА: Четворица се степале, нападнале и обезбедувач

НОВА ПОЛИЦИСКО-ОБВИНИТЕЛСКА АКЦИЈА: Приведувања и претреси за милионски злоупотреби во „Лотарија“

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година