Утрински Весник
Македонија

Николоски: Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија

Image 2026 08 10 173402369.png

Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија, напиша нa својата Фејсбук страница, заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители.

-Во касарната Илинден оддадовме почит на 8-те припадници на резервниот состав и се потсетуваме на овој трагичен настан од 2001 година. Нивната храброст и одлучност да ја бранат татковината заслужува целосна почит. Почит за нивните семејства кои 25 години живеат со тага за загубатa, напиша Николоски.

Можете да прочитате

Регистрирани 15 пожари на отворено – седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола

ВЛЕН: Расипаната плоча на ДУИ не ја брише одлуката на Груби за казината

ЛДП: Заканите кон новинарите се закана за демократијата – институциите мора да реагираат веднаш