Утрински Весник
Македонија

Шестмина повредени во судир на четири возила на Козјак

Policija Lenta.png

На 09.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(63) од с.Малчиште, скопско и патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р.(18) од с.Батинци, сопатник во возилото „голф”, а со телесни повреди се здобиле четворицата возачи, како и Б.О.(30) од с.Палиград, скопско и С.Л. од Скопје, сопатници во возилата „голф” и „форд”, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” и ЈЗУ „Св.Наум Охридски”. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото

Пронајдени 32 пакувања марихуана во пратка за затвореник во „Идризово“

Изминатото деноноќие 15 приведени за безобѕирно возење