Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Дали Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија”, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас. На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори.

Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?

Во меѓувреме, прашина фаќа и прашањето за наводите поради кои Груби заврши на американската црна листа, а јавноста со право прашува дали Обвинителството воопшто постапува.

Нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави, го стави Груби на црната листа поради корупција од високо ниво. Според американските власти, тој и судијата Енвер Беџети примиле поткуп за да го извлечат Сашо Мијалков од затвор.

Артан Груби не е кој било поранешен функционер. Тој е црната кутија на ДУИ. Знае кој ги влечеше конците, кој ги склопуваше зделките и во чии џебови завршуваа парите од коцкарскиот бизнис. Затоа Али Ахмети има причина да спие со едното око отворено, а со другото да го следи Груби.

За да му се тргне маката на Али Ахмети и јавноста да добие јасна слика, ВЛЕН бара од Обвинителството да престане да игра криенка со правдата и јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот „Лотарија”, каде заглавија постапките и дали воопшто презело нешто по наодите на американските власти.

Можете да прочитате

Трет автомобил учествувал во сообраќајката во која загина 19 годишен моторџија, полицијата го уапси возачот

Левица: ДПМНЕ ја “закопа” храната под камен-темелник – 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

СДСМ: Сите се пред нас – Македонија како слепо црево на Балканот