Утрински Весник
Македонија

Храбра реакција кај Камениот мост: Двајца случајни минувачи спасиле жена од Вардар

Kamni most.jpg

Двајца случајни минувачи со брза и храбра реакција денеска извлекле жена од реката Вардар во близина на Камениот мост во центарот на Скопје, со што била спречена можна трагедија.

Според информациите, станува збор за жена на возраст од околу 50 години. Откако била извлечена од водата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош.

Жената била пренесена во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана соодветна медицинска помош.

На местото на настанот интервенирале и две екипи на Интервентната полиција.

Засега нема дополнителни информации за околностите под кои жената се нашла во водите на Вардар, ниту за нејзината моментална здравствена состојба.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол