Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на ГП Табановце е провокација

Tabanovce tabla.jpeg

Соопштение за јавност на ДУИ:

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците.

Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците.

Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а надлежните институции јавно да се извинат за ова прекршување.

Вреди носи директна одговорност за ова. Наместо да го спречи деградирањето на албанскиот јазик, измислува празни оправдувања и со манипулативни видеа се обидува да ги измами граѓаните.

Албанскиот јазик е службен јазик и неговата употреба е законска обврска.

Срам за оваа потчинетост.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол