Утрински Весник
Свет

Трамп пак му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени!

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормутскиот теснец, кој е блокиран од иранските сили, ќе биде отворен „многу наскоро“ или Иран ќе биде погоден „многу силно“ во американски напад.

„Теснецот ќе биде отворен многу наскоро, или Иран ќе биде погоден многу силно, а потоа теснецот ќе биде отворен“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз од Јужна Калифорнија.

Трамп присуствуваше на собирање средства на Републиканскиот национален комитет на неговиот голф терен „Ранчо Палос Вердес“ во областа на Лос Анџелес.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека е постигнат „напредок“ во разговорите со Иран и Оман, кои тврдат дека имаат контрола врз витален воден пат за транспорт на нафта во регионот, но дека не е постигнат конечен договор за Ормускиот теснец

Можете да прочитате

Огромен напад врз Киев, има многу ногу мртви и ранети

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната

Данската принцеза Изабела почна со воена служба