Утрински Весник
Спорт

Формиран женски фудбалски клуб Пелистер – Битола

Image 2026 08 04 172746000.png

Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција.

„Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и Македонија“, објави битолскиот клуб.

Според најавите, ЖФК Пелистер ќе работи на развој на фудбалерки во повеќе возрасни категории, создавајќи услови за правилен спортски развој, напредок и афирмација на младите таленти.

„Воедно, особено значајно е што клубот уште од своето формирање ќе има и сениорска екипа, која ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига на Македонија“, се наведува во клупското соопштение. 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ предлага реформа во тенисот

Невреме со грмотевици го прекина женското тениско финале во Вашингтон

Пропадна планот на Инфантино и неговата плата со новиот проект