Утрински Весник
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули, приведени две лица, запленети 702 парчиња риба

762998567 793917753785254 5502469162696703604 n.jpg

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело.

Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото од Струга, ги приведоа во полициската станица и против нив се поднесени соодветни пријави.

Во текот на акциските контроли, пронајдени се вкупно 25 т.н. висечки рибарски мрежи со должина од четири километри и деветстотини метри кои се најстрого забранети за лов на риба и вкупен улов од 702 парчиња риба охридска белвица, односно вкупно 97.1 килограми.

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, и во текот на наредниот период ќе врши акциски контроли по овој основ, како и по одредбите од Законот за внатрешна пловидба.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп