Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка

Gostivar.webp.webp

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува исклучиво како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи.

Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе институции.

-Штом ќе имаме три последователни резултати на исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш на гостиварци ќе им соопштиме дека водата е и за пиење освен како техничка вода како што се употребува до сега, рече Тошковски.

Посочи дека ќе продолжи испораката на вода за пиење во шишиња за Гостивар, при што соопшти дека околу 580 000 литри се доставени во изминатите денови, од страна на Владата, од општествено одгвоорни компании и други општини.

Можете да прочитате

До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули, приведени две лица, запленети 702 парчиња риба