Утрински Весник
Македонија

Скопјанец тешко повреден по пад од мотоцикл

Motor motociklist soobrakjajka.jpg

На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл без да поседува возачка дозвола и истиот не бил регистриран. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.297-а од КЗ. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога