Утрински Весник
Македонија

Неколку предизвици на патот кон Европската Унија на Македонија

Anastasovski.jpeg

Пишува: проф д-р Иван Анастасовски:

Европската интеграција на Македонија претставува една од најдолготрајните и најсложените политички, институционални и општествени трансформации во современата историја на државата. Иако земјата доби статус на кандидат за членство уште во 2005 година, а пристапните преговори формално започнаа во 2022 година, процесот останува обременет со бројни внатрешни и надворешни предизвици. 

Би сакал да нагласам неколку клучни предизивици кои го карактеризираат нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, и тоа:

  • Билатерализација на процесот е еден од најголемите предизвици е влијанието на билатералните спорови врз процесот на пристапување. Наместо оценување исклучиво врз основа на исполнување на европските критериуми, Македонија повеќепати се соочи со блокади поврзани со прашања за идентитетот, јазикот, историјата и добрососедските односи. Ова ја намали довербата во принципот на мерит-систем, според кој напредокот треба да зависи од реформите, а не од политички несогласувања меѓу државите. 
  • Потребата од уставните измени во актуелната фаза, најзначајниот политички предизвик е обезбедувањето парламентарно мнозинство за уставните измени кои се предуслов за отворање на следната фаза од преговорите. Прашањето доби силна политичка и општествена димензија, создавајќи поделби меѓу политичките партии и граѓаните. Европската Унија останува на ставот дека преземените обврски треба да бидат исполнети за процесот да продолжи. 
  • Една од најболните точки во Македонија е владеење на правото кое без оглед на политичките условувања, претствува клучен услов за членство при што е потребно:
    а. независно судство;
    б. ефикасна борба против корупцијата;
    в. професионална јавна администрација;
    г. транспарентни институции;
    д. поголема правна сигурност.
    Токму овие области Европската комисија редовно ги посочува како клучни за понатамошен напредок. 
  • Долгогодишен проблем на нашата држава силно нагласената политичка поларизација каде честите политички конфликти и недостигот од национален консензус околу европските интеграции претставуваат сериозна пречка. Долгорочните државни интереси често стануваат предмет на дневнополитички пресметки, што ја намалува способноста за спроведување континуирани реформи.
  • Европските предизвици се насочени и кон економски предизвици кои не ја зесегаат само државата, туку и нас жителите на Македонија, кој се соочува со:
    а. ниска продуктивност;
    б. иселување на младите;
    в. недостиг на квалификувана работна сила;
    г. потреба од дигитална и зелена транзиција;
    д. подобрување на конкурентноста.

Овие фактори директно влијаат врз способноста за економско приближување кон европските стандарди. 

  • Во делот на административен капацитет пристапниот процес бара силна и професионална администрација која ќе може да го усогласи националното законодавство со правото на ЕУ (acquis communautaire) и да обезбеди негова ефективна примена. Недостатокот на стручни кадри (експерти), честите кадровски промени и политизацијата претставуваат дополнителен ризик.
  • Замор од проширувањето е предизивик не се само во Македонија, туки и самата Европската Унија во изминатите години се соочи со внатрешни кризи, безбедносни предизвици и нови геополитички околности. Иако проширувањето повторно добива политичка важност, динамиката е различна кај различните кандидати, а Македонија во последните извештаи бележи ограничен напредок во споредба со некои други земји од регионот. 
  • Таквиот замор од проширување доведува до тоа довербата на граѓаните полека да опаѓа. Според Евробарометарот, може да се каже дека нашите граѓани имаат 54% од граѓанитe имаат доверба во Европската Унија, додека 42% не ѝ веруваат податок за 2025 година, кој ако се спореди со есенскиот Евробарометар за 2024 година, покажува дека 56% од граѓаните на Македонија имаат доверба во Европската Унија. Сетоа ова се должи на долгото траење на процесот создаде замор и скептицизам кај јавноста. И покрај тоа, поддршката за европската интеграција останува релативно висока, но довербата во предвидливоста на процесот е намалена поради честите одложувања и новите условувања. 

Конечно, патот на Македонија кон Европската Унија повеќе не претставува само технички процес на усогласување со европското законодавство, туку комплексен политички, институционален и геополитички предизвик. Успехот ќе зависи од способноста на државата да изгради широк политички консензус, да ги продолжи реформите во владеењето на правото и јавната администрација, да ја зајакне економската конкурентност и истовремено да води активна и конструктивна дипломатија.

Европската перспектива на Македонија останува реална, но не е автоматска. Таа ќе зависи од истовременото исполнување на домашните реформски обврски и од способноста на Европската Унија да обезбеди доследен, кредибилен и предвидлив пристап кон политиката на проширување.

Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Можете да прочитате

Насилник од Идризово претепал 15 годишно дете

ЛДП: Честит 2-ри Август, Ден на Реубликата!

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден