Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Поради неодговорноста на тендер патриотите Мицкоски и Клековски – отруена е цела Македонија

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Денес повторно се потврдува она што граѓаните го чувствуваат на сопствена кожа: водата за пиење во Македонија повеќе не е безбедна.

Листата на градови и населени места расте секој ден.

Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово. 

Општина Ново Село: Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, ул. Првомајска.

Општина Кичево: Селски водовод Гарани, патна чешма во Другово, јавна чешма „Бела Кула”, селски водовод Стрелци, Шутово, Премка.

Реките Лепенец и Вардар – побелени од хемикалии.

Пола Македонија останува без безбедна вода за пиење.

Во Гостивар епидемија на жолтица.

А одговорен сè уште нема. Ниту еден.

Граѓаните се трујат. Институциите молчат или доцнат со реакција.

А премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски продолжуваат со приказни, додека народот пие вода опасна по здравјето.

Ова е системски колапс.

Ова е резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe.

Додека Мицкоски отвора базени и оди на „екскурзии”, а Клековски држи прес-конференции,

илјадници луѓе се разболуваат, а цела држава се претвора во зона на ризик.

Бараме:

• Итна и целосна одговорност – политичка и кривична

• Јавно објавување на сите анализи и причини за загадувањето

• Итна интервенција и обезбедување чиста вода за сите засегнати населби

• Прекин со пропагандата и конечно ставање на здравјето на граѓаните на прво место

Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право – чиста вода за пиење е луксуз.

Доста беше труење. Доста беше молк.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните со години пиеле неисправна вода 

Гужва на границите, за излез на ГП Богородица се чека и до два часа

Зајкова за скандалот во авиосообраќајот: Зошто Владата молчи и кога половина милион евра ќе им се вратат на граѓаните?