Утрински Весник
Балкан

Патник влегол во тоалетот и повеќе не излегол, авионот итно слетал во Белград

Avion.webp.webp

Турски државјанин почина за време на летот Истанбул – Диселдорф, по што авионот утрово принудно слета на аеродромот во Белград.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за 54-годишниот Р.А., кој во текот на летот станал од своето место и се упатил кон тоалетот во авионот.

Откако подолго време не се вратил, стјуардеса забележала дека патникот се задржал во тоалетот и ја отворила вратата. Мажот бил пронајден во несвесна состојба.

Поради итната медицинска ситуација, авионот бил пренасочен кон Белград, каде принудно слетал. Веднаш по слетувањето интервенирале медицински екипи, но и покрај реакцијата, лекарите можеле само да ја констатираат смртта на 54-годишниот патник.

За случајот било известено надлежното обвинителство, а по наредба на дежурниот обвинител телото на починатиот било испратено на обдукција.

Обдукцијата треба да ги утврди точните причини и околности под кои настапила смртта на турскиот државјанин за време на летот.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31