
Некогаш, главното место за детски роденден беше дневната соба. Тој ден мебелот се поместуваше, масата се полнеше, а домот со роднини, соседи и другарчиња од училиште или маало.
Немаше кетеринг. Мајките и бабите со денови однапред подготвуваа сè со многу труд и љубов. На свечениот чаршаф задолжително се редеа малите сендвичи со путер, шунка и кашкавал, украсени со кисела краставичка или маслинка, чинии со грицки и домашни колачи.
Се пиеше сок од лимон или портокал на растворање, а за возрасните имаше кафе и минерална вода. Децата трчаа низ станот, играа во ходникот, се криеја зад вратите и со нетрпение го чекаа моментот кога ќе се изгаснат светлата и ќе се запалат свеќичките на тортата.
А денес?
Родендените имаат ново лице.
Во Family Play Park во Џевахир Мол, Аеродром, дневната соба ја заменува модерна игротека создадена за детска забава, игра и незаборавни роденденски моменти.
Наместо да се поместува мебелот – децата имаат простор за игра.
Наместо родителите со денови да подготвуваат – прославата може да биде многу поедноставна и поопуштена.
Наместо возрасните да бараат каде да седнат – тука е и кафетеријата, каде родителите можат да уживаат во кафе и пијалак додека децата се забавуваат.
Времињата се сменија, начинот на славење исто така.
Но едно остана исто – детската возбуда кога ќе дојде роденденот.
Некогаш во дневната соба. Денес во Family Play Park закажете на 070344449!
Различни генерации, иста причина за насмевка.
ПР текст


