
Соопштение за јавност на СДСМ:
Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово….
По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење.
Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место.
Мицкоски зборува за „нови бактерии” во Гостивар.
Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата.
Секој си ја тера својата приказна.
Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето.
Срам.
На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните.



