Утрински Весник
Свет

Германија ја зафаќа топлотен бран со температури до 39 степени

20260729160600 big 730x400 58.webp.webp

Се очекува температурите во одделни делови на Германија утре да пораснат до 39 степени Целзиусови, во рамките на најновиот топлотен бран што ја погоди Европа.

Како што пренесе ДПА, се очекува утре да биде најтоплиот ден од актуелниот топлотен бран, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (DWD). Температурите ќе се движат од 26 до 31 степен долж брегот и од 32 до 39 степени ширум поголемиот дел од земјата.

Исто така, постои ризик од силни олујни ветрови со орканска јачина, при што во северна Германија се предвидуваат силни грмотевици, пренесе ДПА.

– При вакви брзини на ветерот, дрвјата можат да бидат искорнати, а големи предмети можат да летнат во воздух-, предупреди метеорологот Нико Бауер.

DWD очекува различен временски модел во петок, при што на југоисток повторно се очекува топло време, додека температурите од Балтичкото Море до Долна Рајна се очекува да паднат на околу 25 степени.

Врнежи од дожд и грмотевици се предвидуваат во појасот од југозапад кон североисток. Се очекува викендот да почне со поладни температури.

Можете да прочитате

Руската безбедбосна служба го обвини основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, за поддршка на терористички активности

Трамп жестоко му се закани на Иран по нападот врз американските сили

Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија се зголеми на 18