Утрински Весник
Македонија

Поднесена кривична пријава за српскиот возач што се обидел да прошверцува 5000 штеки цигари

Image 6.png

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Со камион – влекач со приколка, со српски регистарски ознаки и сопственост за превозна компанија од Србија, тој се пријавил на влез во земјава и отпочнал транзитна постапка на стока – материјал за изолација. При контрола, над декларираната стока, царинските службеници откриле 100 картонски кутии во кои биле спакувани штеките цигари без акцизни маркички.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе се обиде да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или соучесниците во кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.

Можете да прочитате

ЛДП: Притисокот успеа, стоп за „Скопје 2028″! Скопје заслужува европска култура, а не европска престолнина на набавки зад затворени врати

Двајца скопјани измамени за над 35.000 евра со лажни крипто валути

Мицкоски: Очекувам Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар, а не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци