Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Повеќе не сме трета економија во Европа, сега сме први во сè – Мицкоски се занимава со магија!

Sdsm1.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски ја објави новата – магична економска реалност. 

Повеќе не сме „трета економија во Европа”. Сега имаме поголем раст од цела Европска Унија.

И први сме во Европа по зголемен процент на туристи.

Браво.

Додека граѓаните бројат дали ќе го преживеат месецот, додека потрошувачката кошница урива рекорди, додека горивото втора недела по ред поскапува, додека земјоделците продаваат под  минимална цена, додека младите си одат, ние сме први.

Први по имагинација. Европа може само да ни завидува.

Германците, Холанѓаните, Швеѓаните… сите гледаат во нас и велат:

„Како го прават тоа?”

Лесно. Со прес-конференции.

Ова веќе нема граници. Утре ќе бидеме и први во вселената.

И први по број на празни фрижидери. И први по должина на колони на границите.

Само да не застанеме.

Браво за Мицкоски. Ова навистина е чудо.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол