Утрински Весник
Македонија

Се обидел да раздели лица кои се тепале, завршил со убодна рана

Noz.png

На 28.07.2026 во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана” на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана.

Н.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Пијан возач удрил во трактор со приколка, повредени три лица

Тешко повредено деветгодишно дете на електричен тротинет во судир со возило

Велковски-Рокас: Во фокусот демографските предизвици со кои се соочуваат Европа и Македонија