Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Ние сме прва политичка сила кај Албанците

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Последната анкета спроведена во јуни од Институтот за истражување „Стратум Р&Д” потврдува дека ВЛЕН е прва политичка сила кај Албанците.

На прашањето: „Доколку денес се одржат избори, за која политичка партија би гласале?”, 34% од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВЛЕН, додека 30% за ДУИ.

Ова е втора анкета во изминатите два месеци која го позиционира ВЛЕН пред ДУИ. Резултатите од ова истражување се јасен показател дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу политика на конкретни резултати и политика на пропаганда.

Две години конкретна работа беа доволни за да се покаже дека Албанците повеќе не се убедуваат со празна реторика и дека довербата се гради со дела, а не со зборови.

Законот за правична и соодветна застапеност, Законот за игрите на среќа, Законот за медресата, Законот за правосудството и Законот за високото образование; повеќе од 40 стручни испити на албански јазик; One Stop Shop услугите на граничните премини со Косово и Албанија; 306 проекти за општините со албанско население; над 2.500 нови бизниси, илјадници нови вработувања и унапредувања; започнувањето на изградбата на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза”; инвестицијата од 20 милиони евра за третата фаза од плоштадот „Скендербег”; реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово во вредност од 74 милиони евра; изградбата на автопатот Скопје–Блаце и на Коридорот 8; зголемувањето на платите и пензиите се факти кои не можат да бидат сокриени со прес-конференции, дезинформации или политичка пропаганда.

ВЛЕН им се заблагодарува на секој граѓанин за довербата и поддршката.

Можете да прочитате

21-годишник паднал од отворен прозорец на „Aуди“, тешко е повреден

Полициска акција: Пет килограми марихуана кај татко и син, амфетамин, ЛСД и стотици таблети во подрум

Западнонилската треска се шири во Македонија – Осум случаи, сите заболени развиле тешка форма