
Регулаторната комисја за енергетика донесе одлука за корекција на цената на топлинската енергија во Скопје.
Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија се зголемува за 5,96 проценти.
Покачување ќе има и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“ односно т.н. железарско парно каде зголемувањето изнесува 5,18 проценти, додека за корисниците на „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената оди нагоре за 3,65 проценти. Пресметките на РКЕ покажуваат дека за просечен стан со површина од 60 квадратни метри, месечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари.
Новиот ценовник официјално стапува на сила од 1 август, пред официјалниот старт на грејната сезона.


