Утрински Весник
Македонија

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре

Veter 1 1 1536x960 1.jpg

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.

Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен притисок ќе следува период на стабилно и топло време.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, наместа ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град.

Можете да прочитате

Еден месец од исчезнувањето на Љупчо, семејството бара помош

13 возачи уапсени за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Сообраќајка во струшко, две лица тешко повредени