Утрински Весник
Свет

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон

Us iran.webp.webp

Воените операции против Иран досега ги чинеле САД 37,5 милијарди долари, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на сослушување пред Конгресот.

Тоа претставува зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на последната јавно објавена проценка на трошоците.


Хегсет пред американските законодавци изјави дека во сумата се вклучени и очекуваните трошоци до 30 септември.

Ова е првпат Хегсет јавно да одговара на прашања од конгресмените откако американските сили на почетокот на месецот ги обновија операциите против Иран. Тој се појави пред Комисијата за буџетски прашања на Сенатот заедно со претседателот на Здружениот генералштаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн.

Хегсет предупреди дека без итно зголемување на финансирањето ќе мора да бидат ограничени дел од воените вежби и армиски обуки.

„Постојат тековни и идни тренинг-вежби и обуки што ќе мора да бидат скратени доколку нашите буџетски потреби не бидат исполнети“, изјави Хегсет, одговарајќи на прашање на сенаторката од Мејн, Сузан Колинс.

Тој воедно го повтори барањето за дополнително финансирање на Пентагон во износ од 67 милијарди долари.

Можете да прочитате

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран