Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Работевме до доцна во ноќта, продолжуваме и утрово – сите екипи остануваат на терен

Whatsapp image 2026 07 22 at 08.35.40 1.jpeg

Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации.

Во текот на ноќта беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населба Пролет и потегот кај Соборниот храм, а екипите интервенираа и во Буњаковец, како и на други места каде што беа пријавени паднати дрвја, оштетувања и опасности за безбедноста на граѓаните.


„Работевме до доцна во ноќта и уште од раните утрински часови повторно сме на терен. Приоритет ни е да ги отстраниме сите опасности и што побрзо да ја нормализираме состојбата. Благодарам на сите служби за нивната пожртвуваност и на граѓаните за разбирањето, трпението и навремените пријави”, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар и понатаму ги повикува граѓаните да пријавуваат кризни локации, паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата или каква било ситуација што може да ја загрози безбедноста на следните телефонски броеви:

📞 075 219 068
📞 076 350 767

Секоја навремена пријава овозможува побрза реакција на терен.

Воедно, апелираме до граѓаните, онаму каде што имаат можност, да помогнат во расчистување на своите дворови и просторот пред своите домови, со цел побрзо нормализирање на состојбата.

Екипите на Општина Центар и денес продолжуваат со интензивни активности на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и пристигнатите пријави, сè до целосно санирање на последиците од невремето.

Можете да прочитате

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето

Општина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипеди

Жителите на Колонија повеќе од 14 часа без струја – паднати дрвја и искинати жици се уште не се отстранети