Утрински Весник
Македонија

Претседателката на Индија вечерва пристигна во Скопје

Img 0065.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на Македонија.

Муцунски преку објава на социјалните мрежи информираше дека во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности со претставници на државниот врв и на македонските институции.


Според министерот, посетата на индиската претседателка претставува можност да бидат потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји, но и да биде даден нов импулс во развојот на меѓусебната соработка.

„Очекувам средбите и активностите да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји“, порача Муцунски.

Официјалната посета се очекува да биде насочена кон продлабочување на политичкиот дијалог, проширување на економските односи и разгледување нови можности за соработка меѓу Македонија и Индија.

Посебен акцент се очекува да биде ставен на зголемувањето на трговската размена, поврзувањето на компаниите и создавањето услови за нови инвестиции и заеднички проекти.

Посетата на претседателката Мурму претставува значаен дипломатски настан и можност односите меѓу Скопје и Њу Делхи да бидат издигнати на повисоко ниво.

Можете да прочитате

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Владата донесе одлука: Се прогласува 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Кога водата станува политичко, а не комунално прашање