Утрински Весник
Свет

Иран изврши нови напади врз Кувајт и Бахреин

Iranraketa.webp.webp

Иран попладнево изврши нови напади врз Кувајт, поради што вооружените сили на земјата ја активираа противвоздушната одбрана за пресретнување на ракетите и беспилотните летала.

Кувајтската армија соопшти на платформата Икс дека експлозиите што се слушнале биле резултат на дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана. Засега не се објавени дополнителни информации за нападите, ниту има извештаи за жртви или за материјална штета.


Повторно се огласија и сирените за воздушна опасност во соседен Бахреин, каде што Министерството за внатрешни работи ги повика жителите да заминат во засолништа.

Нападите се случуваат додека САД продолжуваат со воздушните удари врз цели во Иран, а Техеран возвраќа со напади врз земји во регионот во кои се распоредени американски воени бази.

Кувајт и Бахреин, два клучни американски сојузника во Персискиот Залив што се домаќини на американски воени објекти, и претходно денеска беа цел на ирански напади.

Можете да прочитате

Русите го нападнаа украинско-полскиот граничен премин

СДСМ: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите

Нов напад во Ормускиот теснец, расте загриженостa за снабдувањето со енергија