Утрински Весник
Економија

Потрошувачката кошничка е 68.500 денари – Мицкоски ја доведе Македонија до економски колапс, велат од СДСМ

Marketprazen.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Според податоците на ССМ, потрошувачката кошничка за јули 2026 година изнесува 68.500 денари. Само за храна и пијалаци четиричлено семејство троши над 25.000 денари месечно. 


Ако се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, потребните средства се искачуваат на 83.873 денари.

Ова е реалната слика на економијата под ВМРО-ОКГ. 

Минималната плата и понатаму е далеку под 600 евра, а просечната плата не го следи растот на трошоците. 

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Мицкоски и неговата неспособна ВМРО-ОКГ продолжуваат да ја туркаат државата во економски колапс.

Инвестициите се намалени за над 60 отсто. 

Земјоделците немаат пари за основни репроматеријали – нафтата и ѓубривото драматично поскапеа, а Владата не донесе ниту една сериозна мерка за поддршка. 

Сите основни животни намирници поскапуваат, а по денешното поскапување на горивото може да се очекуваат нови ценовни удари.

Летото е во тек, но наесен доаѓаат нови трошоци – почеток на училишната година за децата, а потоа и зимата со поскапување на струјата и огревот. 

Граѓаните се соочуваат со тешка есен и зима, без никаква вистинска помош од државата.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја доведоа Македонија до економски колапс. 

Наместо да ги штитат граѓаните, тие ги оставија сами да се борат со поскапувањата, ниските плати и празниот буџет. 

Ова не е економска политика – ова е систематско уништување на стандардот на граѓаните.

Можете да прочитате

Николоски: Огромен развој на ависообраќајот, по рекордниот број на авиолинии и бројот на патници, Визер поставува 7- ми авион во базата во Скопје 

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Бензините поскапуваат за 3, дизелот за 6 денари