Утрински Весник
Свет

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами

Zemjotres2.jpeg

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на јужниот брег на Мексико, при што е издадено предупредување за цунами.

Засега нема информации од властите за причинета материјална штета или за повредени лица по силниот потрес што ја погоди мексиканската сојузна држава Чијапас, а бил почувствуван и во соседните Гватемала и Ел Салвадор.


Епицентарот на земјотресот, кој се случил на длабочина од 10 километри, се наоѓа во близина на мексиканскиот град Пуерто Мадеро, според податоците на Американскиот геолошки институт.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека се можни опасни бранови во радиус од 300 километри од епицентарот.

Гувернерот на јужната мексиканска сојузна држава Оахака, Саломон Хара, изјави преку социјалните мрежи дека земјотресот во неговиот регион бил почувствуван со среден интензитет и дека засега нема информации за разурнувања.

Зградите биле потресени во главниот град на Гватемала, а жителите во паника ги напуштале своите домови, јави Ројтерс. Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледа како вработени ги напуштаат владините згради.

Пред помалку од еден месец, на 24 јуни, два силни земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени ја погодија Венецуела, во северниот дел на Јужна Америка, а бројот на загинати во таа катастрофа веќе надмина 4.800 лица.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд