
Водечката фабрика на Џонсон Мети го прослави производството на својот 170-милионити производ во Скопје, важно достигнување што ја покажува континуираната извонредност на фабриката во текот на 17 години во производството и реалното влијание што го има врз почистиот воздух низ целиот свет.
Ова достигнување е одраз на години континуирано подобрување, тимска работа и усовршување на техничките вештини во најголемата глобална производствена локација на компанијата. Секој произведен дел во Скопје помага во намалувањето на емисиите од автомобилите, овозможувајќи им на производителите на возила да ги намалат штетните загадувачи и да ги исполнат сè построгите стандарди за емисии. „Овој 170-милионити производ е почит кон вештината и посветеноста на нашите луѓе во Македонија”, рече Зоран Николов, новиот менаџер на фабриката на Џонсон Мети во Скопје. „Секој производ што го произведуваме придонесува за почист воздух и поздрава животна средина, и ние сме особено горди на тоа како нашиот тим успешно ги комбинира високите стандарди на изработката, континуираното подобрување и посветеноста на одржливоста.”
Фабриката во Скопјe е централен дел од активностите на „Clean Air/Чист воздух” на Џонсон Мети, кои опфаќаат и емисии од возила и широк спектар на стационарни индустриски и енергетски апликации, како што се производство на енергија и центри за податоци. Со производство на големи количини на сигурни компоненти за контрола на емисиите за возила, фабриката во Македонија ѝ помага на Групацијата да ја задоволи растечката побарувачка за своите технологии и решенија.
Фабриката во Скопјe останува главен локален работодавач и центар за развој на вештини, иновации во процесите и извозни активности. Нејзиниот континуиран раст го поддржува регионалниот економски развој и ги зајакнува синџирите на снабдување што им овозможуваат и на автомобилските и на стационарните клиенти да ги исполнат построгите стандарди за емисии. Транзицијата на лидерство во фабриката е дел од оваа тековна еволуција: Зоран Николов, кој работи на локацијата во Скопјe 17 години и до неодамна беше менаџер за производство, го наследува Боријан Борозанов како менаџер на фабриката; Борозанов ќе преземе висока менаџерска улога во рамките на одделот за PGM услуги на Џонсон Мети.
Џонсон Мети им се заблагодарува на своите вработени, клиентите и локалните партнери за нивниот придонес кон ова важно достигнување и со нетрпение очекува овој успех да се надградува додека продолжува со унапредувањето на решенијата за чист воздух што им користат на луѓето и заедниците низ целиот регион.

