Утрински Весник
Свет

Нов колапс на енергетската мрежа на Куба

Kuba Bez Struja.jpg

Државната компанија „Унион Електрика” соопшти дека до попладнето електричната енергија била делумно вратена во Хавана, при што само 4 отсто од главниот град имал струја. Провинциите Гуантанамо и Сјенфуегос известиле дека започнале со снабдување на болниците, додека историскиот центар на градот Матансас исто така ја вратил струјата.

Ситуацијата се влошува веќе со месеци, како резултат на застарена електроенергетска мрежа комбинирана со ефективна нафтена блокада наметната од американскиот претседател Доналд Трамп. Во последните месеци Вашингтон дозволил само еден танкер со нафта, од Русија, да пристигне на островот, во рамки на кампања за притисок насочена кон окончување на повеќе од шестдецениското комунистичко владеење во Хавана. Пред блокадата, Куба покривала само 40 отсто од сопствената потрошувачка на нафта.


Прекините на струја имаат сериозно влијание врз секојдневниот живот, вклучувајќи ограничувања во превозот, намалено работно време, откажани летови, и сериозни последици по јавното здравје. Некои делови на Хавана веќе со недели преживуваат со само три до четири часа струја дневно, додека државата наметнува драконски прекини низ земјата, во некои делови на главниот град над 30 часа непрекинато, а во руралните области дури над 70 часа.

Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел го обвини Вашингтон дека се обидува да предизвика „социјална експлозија преку задушување” на снабдувањето со гориво.

„Работата што ја вршат електричарите среде оваа геноцидна енергетска блокада е херојска”, напиша тој на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови