Утрински Весник
Македонија

Додека други напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација, велат од СДСМ

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Додека четири земји направија нов чекор напред кон Европската унија, Македонија повторно останува заглавена. 


Ова не е резултат на надворешни околности, туку директна последица од политиката на Христијан Мицкоски и негова криминална организација ВМРО.

Европската Унија не е само политички проект. ЕУ значи пари, фондови, подобар живот и отворање на можности за сите граѓани. 

Тоа значи дека младите ќе можат да останат во својата земја, да градат семејства и да имаат перспектива. 

Тоа значи дека секој работник ќе може нормално да живее од својот труд, а постарите ќе имаат достојанствена пензија. 

Тоа значи и крај на чекањето со часови на граница.

Наместо да ја искористи оваа шанса, Мицкоски ја држи Македонија во изолација. Со блокирање и со неисполнување на реформите, тој свесно ги затвора вратите за европските фондови, за инвестиции и за подобар животен стандард.

Додека други земји напредуваат и им обезбедуваат на своите граѓани европска иднина, Мицкоски ја осудува Македонија на стагнација и сиромаштија.

Европа нуди подобра иднина. Мицкоски ја одбира изолацијата.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинителен предлог против екс директорот на СОЗР

Левица: СДСМ поради таен договор со Мицкоски не дозволи опозициско обединување за една изборна единица

Зајкова: Предлогот за електронско гласање за дијаспората, но не и за граѓаните тука, е политичка шизофренија