Утрински Весник
Македонија

Зајкова од Собрание: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

Monika zajkova parlament.jpg

„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра. Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра”, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста од меѓусебни политички расправии и ценкања и побарала веднаш да се стават во процедура измените на Изборниот законик кои што се однесуваат исклучиво на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.


„Тука не станува збор за никакви црвени линии, станува исклучиво збор за договорени технички работи, врз кои што Македонија треба да добие пари од Европската Унија. Понатаму, до 2028 година има време за дебата помеѓу политичките партии да ги усогласат останатите црвени линии по однос на измените на Изборниот законик”, изјави претседателката на ЛДП, Зајкова и ги повика колегите пратеници да гласаат за техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР и да им обезбедат 4 милиони евра на граѓаните.

Можете да прочитате

Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Возач од Црна Гора „летал“ со 205 км/ч кај Гевгелија