Утрински Весник
Македонија

Приведен двапати во еден ден, прво на Галичка свадба, па на улица во Гостивар

Policija 8.jpg

На 12.07.2026 во 10:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го приведоа Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во с. Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба”.

Истиот ден во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски” во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го нарушувал јавниот ред и мир.


По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта.

По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Маж натепан и ограбен од жена во струшко село

СДСМ: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

АА: Зошто се молчи за децата примени во тетовската болница?