Утрински Весник
Македонија

Од Собранието порака дека сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска

20260710121730 big 730x400 37.webp.webp

Сребреница претставува траен и темен печат врз совеста на целото човештво – нагласи претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во законодавниот дом.

Тој потсети дека 11 јули 1995 година е злогласен датум кога беа убиени речиси 8.000 бошњачки муслимани, чија единствена вина била нивната етничка и верска припадност.


– Тоа утро згаснаа илјадници животи и засекогаш се промени судбината на уште илјадници други. Сребреница остана запаметена како едно од најстрашните злосторства против човештвото, како најголемиот неуспех на човечноста – нагласи Гаши.

Претседателот на Собранието истакна дека одбележувањето вакви трагедии не смее да остане само церемонија, туку мора да биде повик за размислување, правда и морална одговорност.

– Нашата институционална и морална обврска е да ги паметиме и да им оддадеме почит на жртвите од Сребреница бидејќи споменот за нив е повик до сите нас – додаде Гаши.

На свеченоста присуствуваа амбасадори, пратеници и поранешни пратеници, претставници на верски заедници и политички партии, како и академската јавност.

Можете да прочитате

Користел викенд од Идризово, па завршил со ново апсење

Чувар унапреден, платата му скокнала од 50.000 на 100.000 денари – Кривична за Управниот одбор на М-НАВ

Алиу: Зад себе оставаме реформи, а пред новиот министер завршување на започнатите процеси