Утрински Весник
Свет

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија

14136963.webp.webp

Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија, соопштија рано утрово службите за итни случаи во регионот Андалузија.

Дел од жртвите биле пронајдени во возила, наведуваат службите за итни случаи во објава на X.


Пожарот избувнал вчера попладне во општината Лос Гаљардос во провинцијата Алмерија, на околу 300 километри североисточно од Малага, соопшти регионалната влада.

Регионалниот министер за внатрешни работи, Антонио Санз, го опиша пожарот како „трагедија без преседан“, велејќи дека станува збор за „најразорниот пожар досега“ во Андалузија.

– Болката е огромна. Андалузија е во жалост, а нашите срца се со Алмерија и со сите засегнати – рече тој.

Околу 150 пожарникари, пет противпожарни возила и друг персонал за итни случаи се борат со огнот во Лос Гаљардос, рече Санз, додавајќи дека жителите на неколку заедници биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, во објава на Х, исто така изрази „длабока тага и скршеност пред ужасните последици од пожарот“.

Шпанија во изминатите месеци се бори со серија шумски пожари. Од почетокот на годината, пожарите изгореа повеќе од 50.000 хектари земјиште, според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS) на Европската комисија.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела