Утрински Весник
Македонија

Почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство

Img 8799.jpeg

Во Основниот суд во Куманово денеска започнува судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот регион.

Обвинетиот денеска беше спроведен во судот, каде што треба да започне главната расправа по обвинителниот акт што Основното јавно обвинителство го поднесе пред три недели.


Според обвинението, Бојковски со умисла извршил четири убиства и два обиди за убиство врз повозрасни и немоќни жени. Обвинителството наведува дека делата биле мотивирани од користољубие, односно со цел да ги ограби жртвите, а врз основа на спроведените вештачења го товари и дека делата биле извршени од други ниски побуди.

Согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, бидејќи е обвинет дека со умисла лишил од живот повеќе лица, доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Во текот на судската постапка ќе бидат изведени доказите на обвинителството и одбраната, по што судот ќе одлучува за основаноста на обвинението.

Можете да прочитате

Драма во Тетовско: Рачна бомба активирана пред ресторан, повредени двајца мажи

Запалил оган на нива, пламенот за малку ќе зафател цело село

СДСМ до Мицкоски: Сакаме да не ги крадеш гласовите на избори преку дијаспората