Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган пред Самитот на НАТО во Анкара

Img 8739.jpeg

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на 36. Самит на НАТО, кој се одржува во Анкара, каде што со лидерите на земјите-членки разговара за безбедносните предизвици и иднината на евроатлантската соработка.

Во пресрет на официјалниот дел од Самитот, Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. На Фејсбук таа информираше дека во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.


„Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста“, порача претседателката.

Попладнето лидерите на земјите-членки се собраа на традиционалното заедничко фотографирање, при што Сиљановска-Давкова беше позиционирана во првиот ред заедно со останатите шефови на држави и влади.

  1. Самит на НАТО е фокусиран на зајакнување на колективната безбедност, унапредување на одбранбената соработка и координиран одговор на актуелните геополитички предизвици, а се очекува лидерите да усвојат повеќе заеднички заклучоци и насоки за идното дејствување на Алијансата.

Можете да прочитате

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против повисоки плати за Армијата и пожарникарите

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби