Утрински Весник
Економија

Тренчевска: ВМРО ветуваше подобар живот, денес граѓаните живеат со бедни плати и во сиромаштија 

Image 2026 07 07 121325277.png

„Бедна минимална плата, растечка сиромаштија, нови задолжувања и граѓани кои сè потешко можат да си дозволат основни производи, тоа е реалноста овие две години со ВМРО е на власт“, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Само вистина” на Канал 5. 

Тренчевска посочи дека, Владата колку и да се обидува преку бројки и статистики да создаде слика за економски успеси, секојдневието на граѓаните покажува дека животниот стандард опаѓа, а сиромаштијата се продлабочува.


„Нема област во која има резултати откако ВМРО е на власт. Дали е животен стандард, дали е економија, дали е реформска агенда, дали е земјоделство, дали е здравство, дали е образование – нема резултати во ниту во една област. Она што беше ветено во платформата со која настапија на изборите во 2024 година, не е исполнето. Колку и да сакаат да испревртуваат со бројки и статистики, тоа не може да им помине“, потенцираше Тренчевска.

Во дебатата Тренчевска посочи дека фактите и реалните економски показатели кои ја демантираат владината реторика за некаква успешна економија.

„Имаме најниска минимална плата во регионот, бедни 26.000 денари. Имаме пад на индустриското производство, буџет кој го зголемува дефицитот над законската регулатива и нови задолжувања. Ако имате да вратите долг од 700 милиони евра, а земете кредит од една милијарда евра, создавате нов нето долг од 300 милиони евра. Ако економијата расте како што вели власта, дали граѓаните живеат подобро? Дали можат слободно да излезат на пазар и да си купат што сакаат? Не живеат подобро. Дали сиромаштијата се намалува? Не се намалува. Според Државниот завод за статистика, скоро 22% од граѓаните живеат под прагот на сиромаштија, а индексот на нееднаквата распределба на приходите изнесува 30 проценти“, рече  Тренчевска.

Таа нагласи дека економијата, животниот стандард, инфлацијата и европската интеграција мора да бидат врвен приоритет на државата и теми за кои треба сериозна работа во Собранието, но власта нема слух за предлозите на опозицијата.

„Ние поднесуваме предлог-закони и амандмани, меѓутоа од другата страна нема слух. Сè што е доставено од опозицијата, генерално од СДСМ, не е прифатено во Парламентот“, порача Тренчевска.

Можете да прочитате

Угостителските услуги во јуни поскапи за 2.6% од истиот месец лани

Костадиновска-Стојчевска: Со ребалансот власта крати од инвестициите во културата

Средба на Муцунски со извршните директори на Qatar Airways и Barzan Holdings