Утрински Весник
Свет

Анкара подготви десет луксузни Togg лимузини за Самитот на НАТО

Img 8689.jpeg

Турција ќе ги пречека светските лидери на претстојниот 36. Самит на НАТО во Анкара со домашно произведени електрични лимузини. За потребите на самитот се подготвени десет специјално дизајнирани лимузински верзии на моделот Togg T10X, кои ќе бидат дел од официјалната протоколарна флота.

Во пресрет на самитот, возилата веќе се изложени пред Конгресниот центар АТО, каде ќе се одржуваат главните активности. Покрај стандардните модели во црвено-белите национални бои на Турција, претставени се и уникатни верзии украсени со тиркизни нијанси и традиционални турски мотиви.


Лимузините ќе се користат за превоз на шефовите на држави и влади на кратки протоколарни релации во рамките на самитот. Според најавите, тие ќе се движат со брзина од околу 50 километри на час, обезбедувајќи безбеден, ефикасен и строго контролиран транспорт по однапред утврдените протоколарни рути.

Со овој потег, Турција има намера да го претстави својот домашен автомобилски бренд Togg пред светските лидери и да ги истакне достигнувањата на својата автомобилска индустрија.

Јовица Пауновски од 4news.mk ќе известува од НАТО самитот од Анкара

Можете да прочитате

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“