Утрински Весник
Свет

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД

Img 8616.jpeg

За време на традиционалниот огномет по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, настана пожар на познатиот Бруклински мост во Њујорк. Голем пламен и густ облак чад се издигнаа над мостот, пред противпожарните екипи брзо да интервенираат и целосно да го локализираат огнот.

Според информациите на новинската агенција „Асошиејтед прес“, во инцидентот нема повредени лица. Од њујоршката противпожарна служба соопштија дека во интервенцијата биле ангажирани две противпожарни возила, а пожарникарите успеале да го стават пожарот под контрола околу 22 часот по локално време.


Од безбедносни причини, Бруклинскиот мост привремено бил затворен за сообраќај додека траела интервенцијата и проверките на терен.

Надлежните истакнуваат дека сите безбедносни протоколи биле доследно спроведени, поради што инцидентот не резултирал со човечки жртви или посериозни последици.

„Ваквите пожари не се целосно неочекувани при големи пиротехнички настани и токму затоа публиката секогаш се држи на строго безбедно растојание за време на огнометот“, изјави портпаролот на противпожарната служба во Њујорк.

Надлежните служби ќе ги утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот, но според првичните информации, огнот најверојатно бил поврзан со пиротехничките средства употребени за време на свечената прослава.

Можете да прочитате

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска