Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло денес, но од вторник поројни дождови и грмежи

Vremenska soncevo 1 610x400 1.jpg

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.


Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 23 и 33 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 степени.

Од УХМР најавуваат дека стабилното и сончево време со променлива облачност ќе продолжи и во текот на следната седмица. Сепак, во попладневните часови на одделни места ќе има услови за развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, најголема веројатност за вакви временски појави има во вторник, кога се очекува поизразена атмосферска нестабилност во делови од земјата. Во текот на целата седмица ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе биде засилен.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик