Утрински Весник
Македонија

Уапсена кичевчанка: Во алкохолизирана состојба ја нападнала малолетната ќерка

Policija 3.webp.webp

Четириесетгодишна жена од Кичево е лишена од слобода откако во алкохолизирана состојба физички ја нападнала својата малолетна ќерка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 16:20 часот на улицата „Иван Трпески“ во Кичево била приведена Ј.С. (40) од Кичево.


Според полицијата, претходно било пријавено дека во семејниот дом, додека била под дејство на алкохол, таа физички ја нападнала својата малолетна ќерка.

По целосното документирање на случајот, против жената ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Тетово се менува со дела, модерниот стадион добива форма

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ приведени три лица од Скопје за уцена и закани, барале 10.000 евра од жител на Делчево

Штерјова: Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски