Утрински Весник
Македонија

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание без никаква причина

Whatsapp image 2026 07 02 at 11.49.57.jpeg

Четиринаесетгодишно момче е тешко повредено по брутален напад што се случил на 22 јуни во населбата Ченто. Според тврдењата на неговите родители, нивниот син бил без никаква причина нападнат, претепан и избоден седум пати со нож.

Семејството за 24инфо раскажува дека момчето околу 21:30 часот излегло од дома да се најде со своите братучеди, иститот се движел да дојде на улицата „Финска“ во Ченто.


Пред да пристигне на локацијата е пресретнат од три лица кои, според родителите, веднаш започнале физички да го напаѓаат. Во текот на нападот, едно од лицата извадило нож и му нанело седум убодни рани во пределот на грбот. Напаѓачите продолжиле да го удираат момчето сè додека не ја изгубило свеста, а потоа го оставиле да лежи на местото на настанот.

Малолетникот го пронашол случаен минувач, кој веднаш повикал Итна медицинска помош и полиција. Повреденото момче било пренесено во Ургентниот центар, каде што му била извршена хируршка интервенција.

Родителите велат дека нивниот син не им дал никаков повод на напаѓачите и дека нападот бил извршен без никаква причина. Тие бараат институциите што е можно побрзо да го расчистат случајот и одговорните лица да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат случајот. Во полицискиот билтен се наведува:

„На 22.06.2026 околу 23:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, малолетник бил физички нападнат од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Истрагата за нападот е во тек, а полицијата работи на идентификување и пронаоѓање на напаѓачите.

Можете да прочитате

Невреме повторно се заканува: Попладне дожд, грмежи и град низ Македонија

Без нови рудници нема кој да ги замени старите

Претреси во демирхисарско: Пронајдени девет пушки и муниција, приведени четири лица