Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема пари за земјоделците – Владата на Мицкоски им должи 70 милиони евра

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност од СДСМ

Две години Христијан Мицкоски ги лаже и ги понижува македонските земјоделци.  Нема пари, нема субвенции, нема откуп, нема грижа, македонското земјоделството е на колена поради кримналната власт.


Државата им должи дури 70 милиони евра по различни основи, а субвенциите доцнат со месеци.

Во екот на жетвата, земјоделците не знаат по која цена ќе ја продаваат пченицата. Откуп нема, откупувачи нема, а се шпекулира со понижувачка цена од само 10 денари за килограм.

Сточарите се оставени сами на себе. Доцнат субвенциите, млекото нема сигурен пласман, а младите сточари сведочат дека две години не добиле ниту денар државна поддршка.

Кога државата им должи 70 милиони евра на луѓето кои ја произведуваат храната, тоа е најдобар доказ дека економијата и буџетот се во сериозни проблеми, а Владата нема ниту план, ниту капацитет да ги сервисира своите обврски.

Наместо решенија за помош на земјоделците Мицкоски избра театар со реконструкција.

Сега нов министер од ЗНАМ кој ќе се вади дека му треба време а земјоделците треба да издржат до предвремени избори.

Со оглед на тоа дека министерот е од распаднатата ЗНАМ знаеме колку се способни.

Документите за Груевски на Филков му патуваа еден месец помежу две згради, земјоделците е чекаат од сезоана до сезона а нема ништо да добијат освен уште една тура лажни ветувања. 

ЗНАМ ја предаде прво својата партија, па своите гласачи, па се предадоа меѓусебе и сега ќе ги предаде и земјоделците.

Здружение за предавства – тоа е ЗНАМ која се распаѓа. Единствено не го предадоа сопствениот бизнис интерес и Никола Груевски.

СДСМ бара Владата веднаш да ги исплати сите заостанати субвенции, да обезбеди фер и загарантирани откупни цени за стратешките земјоделски производи и итно да преземе мерки за заштита на домашното производство.

Македонските земјоделци заслужуваат сигурност, почит и навремена поддршка, а не понижувања, неизвесност и долгови што ги создава неспособната власт.

Можете да прочитате

Фрлал отпад во Пена, па заврши во полиција – уапсен тетовец

Николовски: Заминува министерот што го урна македонското земјоделство

Д-р Лилјана Ристевска избрана за прва жена претседател на Црвениот крст на Македонија