Утрински Весник
Македонија

ТДП влегува во Владата и добива министер без ресор

Img 8325.jpeg

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва соопшти дека е постигнат договор со Демократската партија на Турците за нејзино приклучување кон владината коалиција и учество во извршната власт.

Говорејќи по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски информираше дека Демократската партија на Турците ќе добие едно место во Владата, односно министер без портфолио.


„Пред почетокот на состанокот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, постигнавме согласност со политичката партија Демократска партија на Турците за нејзино учество во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и нејзино учество во Владата со еден претставник, министер без портфолио“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека, и покрај влезот на новиот коалициски партнер, Владата ќе го задржи истиот број ресори, но ќе има двајца потпретседатели помалку во споредба со изминатиот двегодишен период.

Премиерот потврди и дека ресорот за добро владеење ќе биде укинат како посебен владин сектор и отсега неговите надлежности директно ќе преминат под ингеренција на кабинетот на премиерот.

Овие промени се дел од пошироката реконструкција на Владата, која, според Мицкоски, има за цел да донесе нова енергија и поголема ефикасност во работењето на извршната власт.

Можете да прочитате

ДРАМАТИЧНА НОЌ ВО ПАЛИГРАД: Пожарот се приближува кон селото, пожарникарите остануваат на терен

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор