
Лина Ѓорчевска го заврши својот дебитантски настап на главната фаза од турнирот Вимблдон.
Во меч од околу еден час, Ѓорческа загуби со 2:0 од фаворизираната американска тенисерка Аманда Анисимова.
Првиот сет Анисимова го освои со резултат 6:3 додека во вториот сет, освои пет гемови по ред и победи со 6:2.

И покрај тоа што жрепката не беше наклонета, па Лина играше со ланската финалистка уште во првото коло, сепак успехот на Ѓорческа е историски за македонскиот тенис и спорт воопшто.

