Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец баран за доиздржување казна затвор од седум години и еден месец

Policzija policija mvr apsenje 24.jpeg

На 29.06.2026 во 20:00 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(29) од Скопје.

Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен нож.


При преземање мерки и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека С.Ш. бил баран со судска наредба за доиздржување затворска казна од седум години и еден месец. 

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка

Левица: Уставниот суд се подготвува да ја зацементира цензурата врз нас

Мотоциклист загина во сообраќајка во Куманово